петок, 13 јуни 2025

Ѓорѓиоски: Ова е натпревар кој се чека цела сезона

Утре Струга и Вардар ќе се борат за трофејот од Купот на Македонија, на програмата е големото финале, тренерот на Струга, Илчо Ѓорѓиоски ја потенцира важноста на натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиоски вели дека целта на Струга е да дојде до трофејот и да ги израдува навивачите.

„Финале на куп е натпревар кој се чека цела сезона и го посакуваат сезона. Ова за нас ќе биде и натпревар кој сакаме да го добиеме. Струга сака да дојде до трофејот и да ги израдува своите навивачите, како тим сме подготвени во секој поглед. Имаме доволен број на квалитетни и искусни фудбалери кои знаат да се носат со предизвикот“, најави Ѓорѓиоски.

„Вардар е фаворит на утрешниот натпревар, го ценам и го почитувам, тоа е мој клуб како играч и тренер освојував титули. Но, утре сакам да победам. Прво Вардар игра на домашен терен во Скопје, ќе има сигурно огромна поддршка и затоа фаворитската улога ќе биде на негова страна и ние сме максимално подготвени да одговориме на секој предизвик и ќе влеземе во натпреварот со голема желба да победиме. За нас тоа што ќе играме на гостински терен ќе биде мотив плус да дадеме се од себе за да го победиме Вардар“.

„Го анализиравме Вардар, но не би можел тука да кажам кои се неговите добри и лоши страни. Вардар направи конкурентен тим, видовме и дека направи одлична низа во вториот дел од сезоната. Но, ние имаме свои пресметки и знаеме како да дојдеме до тоа што посакуваме“.

Јас го подготвував тимот за натпревар до крај, дали тоа ќе биде во 90 минути или повеќе зависи што ќе се случува во натпреваот. Ние сме физички подготвени да одиграме и 120 минути, најважно за нас е на крајот да заврши позитивно за нас. Дополнително сигурно ќе не понесе и атмосферата на стадионот и условите кои ги овозможува арената“.

„Подготвуваме тактика за да одговориме на Вардар на секој дел од теренот и во одбраната и во нападот. Не сме екипи која има фудбалери со офанзивни карактеристики и сакаме да играме напаѓачки фудбал, па според тоа очекувам и едно убаво финале“.

На денешната прес-конференција од редовите на Струга заедно со тренерот Илчо Ѓорѓиоски присутен беше фудбалерот Буњамин Шабани.

„Утре за нас натпреварот ќе биде од голема важност. Подготвени сме сите, секој фудбалер ќе дададе се од себе и мислам дека можеме да дојдеме до трофејот. Сите сме искусни фудбалери и живееме за вакви натпревари, па не верувам дека тоа што ќе имаме помалку навивачи ќе биде проблем“, вели Шабани.

„Секој натпревар е натпревар за себе, ќе излеземе на теренот да го покажеме тоа што го знаеме и да ги оствариме замислите на тренерот. Со Вардар игравме повеќе натпревари оваа сезоан, но ова е финале и во вакви натпревари нијанси одлучуваат кој ќе биде победникот на крајот“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ