Бекот на Алкалоид го анализира одиграното и го најави следниот предизвик.
„Прво сакам да им честитам на сите за победата. Имавме тежок натпревар за играње, но тоа беше само подготвителен меч. Ние од дуел во дуел ќе бидеме подобри, работиме за тоа. Секогаш како индивидуалец целам на подобро, мислам дека сите можеме многу подобро. За тоа треба да ги намалиме нашите осцилации на мечевите и верувам дека ќе бидеме подобри на дуелите кои ни следат“, изјави Ѓорѓиев.
Македонија се судри со Украина денес во терминот од 17:45 часот во Винтертур. За крај на турнирот нашата селекција ќе се судри со домаќинот Швајцарија






