Тиквеш водеше со 3-1, но со чудесен пресврт во последните минути успеа да загуби со 3-4 од Арсими на свој терен. Овој пораз како и претходните неуспеси беа доволни за тренерска смена.
„После денешниот пораз, управата на клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Мојсов, помошниот тренер Христијан Кировски и кондициониот тренер Трајче Орешков, како резултат на неочекувано слабите резултати оваа сезона.
Им се заблагодаруваме за долгогодишниот ангажман во ГФК ТИКВЕШ, особено на Мојсов и Орешков со кои клубот го постигна историскиот успех и му посакуваме успех во нивните кариери.
ГФК ТИКВЕШ е во преговори за ангажман на нов стручен штаб кој ќе го предводи клубот во иднина“, стои во соопштението на кавадаречкиот клуб.






