понеделник, 12 јануари 2026

Ѓорческа за еден час со моќен настап ја мина четвртата носителка во квалификациите на Австралија опен!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на фантастичен начин ги отвори квалификациите за влез на главниот турнир на Австралија опен откако ја прегази четвртата носителка, Синја Краус од Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

Австријката е 108 место на ВТА листата, речиси 100 позиции подобро од Лина Ѓорческа, па во мечот влезе како фаворитка, но на теренот доминираше Македонката.

Мечот траеше само 62 минути, Лина го доби првиот сет со 7-5, а во вториот не загуби ниту еден гејм, беше 6-0.

Во второто коло од квалификациите Ѓорческа ќе игра со словачката тенисерка Зиданшек која е на 151 место на ВТА листата.

За да стигне на главниот турнир, Ѓорческа треба да мине три квалификациски кола, ѝ останаа уште две.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ