понеделник, 19 мај 2025

Ѓорческа со триумф без загубен сет се пласира во осминафиналето во Грузија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја оправда улогата на фаворитска против домашната Аозија Кардава на турнирот во Грузија, го доби мечот со 2-0 и се пласираше во осминафиналето.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот сет беше изедначен, Ѓорческа сепак успеа да го добие со 7-5. Во вториот Македонката беше многу подобра, го доби сетот со 6-2 и ја комплетираше победата.

Во следната рунда Ѓорческа ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Анастасија Тиконова и Софија Шапатава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ