Ѓорческа лесно го доби мечот, првиот сет беше 6-3 за нашата тенисерка, а во вториот беше уште подобра добивајќи го со 6-2.
Лина во второто коло повторно ќе игра против романска тенисерка, овојпат ќе се сретне со Барбулеску.
Македонката е трета носителка на овој турнир.






