Ѓорческа минатата недела исто така играше турниро во Куршумлијска Бања на кој стигна до финалето, овој е на истото место, но квалитативно е на повисоко ниво.
Лина лошо го почна мечот и го загуби првиот сет со 6-3 од грчката тенисерка која беше четврта носителка на турнирот. Но потоа не само што се врати, туку тоа го направи со голем стил.
Наредниот сет го доби со 6-1 и изедначи на 1-1, а решавачкиот трет сет го зема со 6-2 за конечна победа од 2-1 во сетови.
Во осминафиналето Ѓорческа ќе игра против руската тенисерка Дарија Астакова (798. на ВТА).






