Ѓорческа одлично влезе во мечот, го доби првиот сет со убедливи 6-2. Германката пружи сериозен отпор во вториот сет кој Лина го доби по тајбрејк во кој беше подобра со 8-6.
Утре во четвртфиналето ќе игра со првата носителка Деспина Папамихаил од Грција, која со 2-0 во сетови ја совлада Американката Рашида Мек Аду.
Папамихаил е 159. место на ВТА листата, односно за 45 позиции подобро пласирана од Ѓорческа.






