Мечот траеше само еден час и 14 минути, Ѓорческа двата сета ги доби со идентични 6-2 и 6-2.
Во финалето Ѓорческа ќе игра против 18-годишната тенисерка од Србија, Теодора Костовиќ која е 321. на ВТА ранг листата.
За Ѓорческа ова ќе биде второ финале во Куршумлијска Бања по ред. Минатата недела го загуби мечот за пехарот.






