недела, 14 декември 2025

Ѓорческа повторно загуби финале во Куршумлијска Бања

За две недели Лина Ѓорческа двапати играше финале во Куршумлијска Бања, Србија, за жал најдобрата македонска тенисерка двапати беше поразена.

Објавено на

часот

Сподели

Овојпат Ѓорческа загуби од младата српска тенисерка Теодора Костовиќ со 2-0 во сетови.

Детали го одлучуваа победникот на овој меч бидејќи двете тенисерки не беа сигурни на свој сервис и од 21 гем, имаше дури 10 брејка. Ѓорческа во двата сета имаше свои шанси кои, за жал, не ги искористи. Во првиот, во два наврата имаше брејк предност, при 4-3 и и 5-4, сервираше за 1-0 во сетови, но место тоа, Костовиќ освои три гема по ред од кои два на сервис на нашата тенисерка и таа поведе.

Клучен во вториот сет беше седмиот гем, Ѓорческа веќе врати еден брејк и израмни на 3-3, а потоа имаше три брејк-топки за да премине во водство. Не ги искористи, па Костовиќ повторно освои три гема и дојде до победата.

За Ѓорческа ова беше второ финале во период од една недела, но ги загуби и двете. И покрај тоа, поради одличните резултати си обезбеди напредок од околу 70 места на ВТА листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ