четврток, 29 јануари 2026

Ѓорческа поразена во второто коло во Порто

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа е елиминирана од челинџер турнирот во Порто откако со 2-0 во сетови беше поразена од Турчинката Ајла Аксу.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот сет имаше голема борба, се играше и тајбрејк, а при водство на Ѓорческа од 5-4, македонската тенисерка пропушти сет топка. Во тајбрејкот Турчинката беше подобра со 7-5.

Вториот сет не беше налик на првиот, во него турската тенисерка беше подобра со 6-2 за конечна победа од 2-0 во сетови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ