среда, 14 јануари 2026

Ѓорческа по голема борба загуби во второто квалификациско коло на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да го повтори својот најголем успех и да дојде до третото квалификациско коло за Австралија опен откако денеска во три сета загуби од Словенката Тамара Зиданшек.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа одлично го почна мечот го доби првиот сет со 6-4. Македонската тенисерка имаше и голема поддршка од трибините.

Но, словенечката тенисерка се врати во вториот сет кој го доби со убедливи 6-2 и изедначи на 1-1.

Лина имаше одличен почеток на третиот, решавачки сет, зема брејк на стартот, водеше со 2-0 и со 3-1, но потоа следуваа гема по ред на Зиданшек со кои го сврте резултатот во своја полза. Се играше гем за гем до 5-6 кога Ѓорческа го загуби својот сервис и го загуби сетот со 5-7.

Малку фалеше Македонката да мине уште едно квалификациско коло на Австралија опен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ