Лина Ѓорческа е на чекор до борба за триумф на ИТФ фјучерсот во Лопота, што се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка заедно со домашната Екатерине Горгодзе со 2-0 (6:3 и 6:3) во светови лесно славеа против Зозија Кардава (Грузија) и Владислава Зверава (Русија).
За пласман во финале, Лина Ѓорческа и Екатерине Горгодзе ќе играат против третите носителки Рутуја Бхосале (Индија и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).