Ѓорческа лошо го почна мечот, загуби свој сервис, Паганети поведе со 3-1, но потоа следуваа пет гема по ред за Македонката и добиен сет од 6-3.
Во вториот сет Лина Ѓорческа беше подобра со 6-4 за конечна победа од 2-0 во сетови.
Ѓорческа која е седма носителка на турнирот во четвртфиналето ќе игра со Ксенија Зајцева со која има еден меѓусебен дуел кој завршил со победа на нашата тенисерка.






