среда, 11 март 2026
Ново финале во 2025 за најдобрата македонска тенисерка

Ѓорческа ќе игра за титула во Слобозија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра за трофејот на ИТФ турнирот во Слобозија, попладнево со 2-0 (6-1, 6-4) во сетови ја совлада романската тенисерка Марија Попа.

Објавено на

часот

Сподели

Лина Ѓорческа ќе игра уште едно финале, нејзино четврто во 2025 година.

На ИТФ турнирот во Слобозија, Романија, таа попладнево ја доби пресметката против домашната тенисерка Марија Попа со 2-0 во сетови.

Најдобрата македонска тенисерка беше фуриозна во првиот сет, кој го доби со 6-1 за половина час игра.

Вториот сет донесе поизедначена борба, по водството на Лина Ѓорческа од 4-2, Марија Попа се врати на 4-4, но нашата тенисерка го подигна нивото кога беше најпотребно, ги доби следните два гема за 6-4 и пласман во финалето.

Во дуелот за титула, Лина Ѓорческа ќе игра со уште романска тенисерка, Елена Бертеа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ