понеделник, 8 декември 2025

Ѓорческа ја мина четвртата носителка на турнир во Италија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови ја победи Италијанката Нуриа Бранкачо (151. ВТА) и се пласираше во осминафиналето од турнирот во Роверето, Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4-2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4-3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6-4 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5-1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6-3.

ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето има награден фонд од 115.000 долари.

Во среда, во рамките од второто коло Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов (241. ВТА) од Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ