недела, 11 јануари 2026

Ѓорческа ја доби првата противничка во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа утре (понеделник) ќе игра во првото коло од квалификациите за настап на Австралија опен, познато е и кој ќе ѝ биде противник.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа ќе игра против четвртата носителка во квалификациите, 23-годишната тенисерка од Австрија, Сиња Краус која се наоѓа на 108. место на ВТА листата.

Мечот е планиран како последен на теренот број 12, што значи дека ќе се игра во попладневните часови во Мелбурн, односно утринските во Македонија.

Ѓорческа веќе неколку дена е во Мелбрун каде се прилагодува пред се на климатските услови кои се пеколни. Температурата достигнува и до над 40 степени.

Ова ќе биде трето учество на Ѓорческа во квалификациите на Австралија опен. Најдобар резултат оствари во 2017 година кога стигна до третото, последно квалификациско коло за влез на главниот турнир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ