сабота, 5 јули 2025

Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во второто коло од турнирот што се игра во главниот град на Хрватска.

Објавено на

часот

Сподели

Откако вчера беше подобра од Сербан од Кипар, Ѓорческа денеска загуби од Селена Јаничијевиќ од Франција во два сета (3-6, 3-6) за 81 минута игра. Французинката, која е осма носителка на турнирот, ги искористи грешките на нашата тенисерка и го продолжува патот кон завршницата.

Двата сета имаа слично сценарио, почнаа со два брејка, по еден на двете страни, а потоа Јаничијевиќ доминираше. Во првиот сет направи брејк во четвртиот гем за предност од 3-1 која ја задржа до крајот, а во вториот Ѓорческа водеше со 3-2 по што противничката освои четири гема во низа и го заклучи мечот.

За пласманот во второто коло на турнирот, Ѓорческа заработи 11 бода и привремено направи скок од 11 места на ВТА листата, но тоа може да се промени до крајот на оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ