вторник, 16 декември 2025

Ѓорческа го загуби финалето во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во финалето во Букурешт од актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос, Лили Тагер од Австрија со 2-1 (6-4, 3-6, 6-4) во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Финалето во Букурешт траеше 2 часа и 35 минути, за жал заврши со пораз на Лина Ѓоческа.

Македонката го загуби првиот сет со 6-4, но возврати во вториот со 6-3 и израмни на 1-1. Ѓорческа одлично го почна третиот решавачки сет, поведе со 2-0, но кога беше најпотребна Лили Тагер беше подобра и го доби сетот со 6-4 за победа од 2-1.

Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40.то во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата.

За пласманот во финалето на турнирот во Букурешт Лина Ѓорческа освои 49 поени и со 343 поени утре треба да се пробие на 207.то место на ВТА ранг-листата. Следната недела македонската тенисерка ќе настапи на турнир во Куршумлијска Бања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ