понеделник, 9 февруари 2026

Ѓорческа е сѐ поблиску до најдобриот пласман во кариерата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа има нов скок на ВТА листата, овојпат од цели 12 места.

Објавено на

часот

Сподели

На новата ранг листа, Ѓорческа е на 182. место. Гледано од почетокот на оваа година, таа вкупно напредуваше за 23 позиции.

Лина забрзано оди кон својот најдобар пласман, тоа е 170. место на кое беше во 2017 година.

Единственото нешто што загрижува кај Ѓорческа е тоа што настапот на последниот турнир во Порто го заврши со предавање на мечот поради повреда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ