Ѓоковиќ за помалку од еден час го среди првиот противник на Олимписките игри. Ебден изгледаше тотално немоќно пред Србинот.
Првиот сет беше перфектен, Ѓоковиќ го доби со 6-0, во вториот загуби само еден гејм, беше 6-1.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Надал и Фучович, меч кој се игра утре.
Сигурен настапи имаше и Карлос Алкараз кој во два сета го совлада Хабиб. Шпанскиот ас победи со 6-3 и 6-1.






