среда, 1 април 2026

Ѓоковиќ за победата на БиХ: Многу сум среќен, беше како холивудско сценарио

Новак Ѓоковиќ синоќа беше на трибините на стадионот во Зеница каде Босна и Херцеговина на пенали ја победи Италија и се пласираше на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска српската тениска легенда зборуваше за своето искуство од вчера.

„Историски успех, спектакл. Навистина бев среќен по победата на Босна и Херцеговина вчера. Многу сум среќен што имав можност да присуствувам, тоа се историски и спортски моменти кои се случуваат два до три пати во животот. Чест и привилегија е да бидам дел од тоа, народот беше во екстаза. Видов дека се славело во Сараево до доцна во ноќта. Заслужено. Таков спортски гигант како Италија да биде елиминиран на пенали, со целата таа драма, се беше како холивудско сценарио. На Босна и Херцеговина ѝ посакувам многу среќа на Мундијалот“, изјави Ѓоковиќ.

Тој е познат српски фан, голем навивач на Милан, го сака италијанскиот фудбал и Италија како земја, но вчера навиваше за Босна и Херцеговина. Природно му е секогаш да ги поддржува земјите од поранешна Југославија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ