Многумина сметаат дека треба да се пензинира, но тој има поинакви планови.
„Единствената работа која ја имам во својата визија, во главата, се Олимписките игри во 2028 година. Тоа ми е мотивација, некако ми е убаво да сум олимпиец, во Селото, со другите спортисти… Тоа е спортот“, рече, меѓу другото, Ѓоковиќ.
На Олимписките игри во 2028 година, Ѓоковиќ ќе има 41 година. Иако има освоено се, српскиот тенисер не планира да застане дотогаш.