вторник, 3 февруари 2026

„Ѓоковиќ треба да се откаже од Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон“

Поранешниот тенисер, Грег Руседски има совет за Новак Ѓоковиќ, тој смета дека Србинот треба да се откаже од настап на Ролан Гарос и енергијата да ја насочи само кон Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Поради природадата на подлогата и неговата игра, Вимблдон повеќе му одговара на Новак Ѓоковиќ и тој турнир има повеќе шанси да го освои отколку оној во Париз.

На Австралија опен Ѓоковиќ покажа дека може да игра против Синер и Алкараз, па Руседски смета дека најпаметно е Новак да цели на Вимблдон.

„Мислам дека Ѓоковиќ треба да се откаже од Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон. Замислете да игра вака добро и на Вимблдон. Имам чувство дека Ролан Гарос е надвор од негов дострел поради физичката игра“, кажа Руседски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ