Ѓоковиќ не планира да назначи конкретен тренер, но рече дека со српски тим ќе оди на Ролан Гарос, тоа се Душан Вемиќ и Борис Бошњаковиќ.
„Во моментов не сум во потрага по тренер, мислам дека нема потреба за брзање во кој било контекст. Се чувствувам комфорно со луѓето што се околу мене. Го имам Душан Вемиќ, тој дојде од САД и ќе ме придружува во Женева и Париз, а Борис Бошњаковиќ е тука како аналитичар и тренер-асистент“, рече Ѓоковиќ.
Вемиќ беше покрај српскиот ас на УС Опен во 2011 и 2012, на Австралија Опен и „Ролан Гарос“ во 2012 и 2013, како и на Вимблдон во 2012 година. Ѓоковиќ освои три трофеи од тие седум Гренд слем турнири.