Српскиот тениски ас загуби еден свој сервис во првиот сет и Ханфман го доби со 6-4, Германецот поведе со 1-0.
Во вториот сет при водство од 6-5, Ѓоковиќ направи брејк за 7-5 и израмнување на 1-1 во сетови.
Еден земен сервис беше доволен и за третиот решавачки сет, Ѓоковиќ го направи тоа, го доби сетот со 6-3 и победи со 2-1.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против шпанскиот тенисер Хауме Мунар кој со 2-1 во сетови беше подобар од Нишиока.
Фото: EPA






