недела, 14 декември 2025

Ѓоковиќ со победа без загубен сет тргна на УС Опен

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го почна настапот на грен-слем турнирот УС Опен, во првото коло тој беше подобар од Лернер Тиен со 3-0 во сетови (6-1, 7-6, 6-2).

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тениски ас фуриозно го почна мечот добивајќи го првиот сет со 6-1, но во вториот беше поинаку.

Во тој сет Тиен пропушти вкупно четири брејк топки вклучувајќи и една сет топка која можеше целосно да го смети текот на мечот. На крајот во тајбрејкот Ѓоковиќ беше подобар со 7-3 и поведе со 2-0.

Откако Новак го преброди тој сет, во третиот уште еднаш одигра на високо ниво, го доби со 6-2 и ја заокружи победата од 3-0.

Во второто коло ќе игра против Американецот Закари Свајда кој е 145. тенисер на АТП листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ