Српскиот тенисер добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4 и ништо не наговестуваше дека ќе има проблеми.
Во вториот сет, Ковачевиќ кој настапува за САД, беше подобар од Ѓоковиќ со убедливи 6-1, со што изедначи на 1-1 во сетови.
Искуството на Ѓоковиќ пресуди во решавачкиот сет, Србинот го доби со 6-4 и ја заврши победата од 2-1.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Серундоло и Дрејпер.






