вторник, 6 јануари 2026

Ѓоковиќ со една изјава ги шокираше сите, излегува од здружението кое тој го формираше

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ изјави дека излегува од Здружението на професионални тенисери (ПТПА), организација која тој ја форсираше да се формира.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ преку социјалните мрежи имаше излагање во кое ги објасни причините за неочекуваната одлука.

„По внимателно разгледување, решив целосно да се повлечам од Здружението на професионални тенисери. Оваа одлука доаѓа по постојаните загрижености во врска со транспарентноста, управувањето и начинот на кој мојот глас и слика беа претставени.

Горд сум на визијата што ја споделивме со Васек кога го основавме Здружението на професионални тенисери, давајќи им на играчите посилен, независен глас – но стана јасно дека моите вредности и пристап повеќе не се усогласени со моменталната насока на организацијата.

Ќе продолжам да се фокусирам на мојот тенис, моето семејство и придонесот кон спортот на начини што ги одразуваат моите принципи и интегритет. Им посакувам на играчите и на вклучените се најдобро во иднина, но за мене, ова поглавје сега е затворено“, напиша Ѓоковиќ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ