понеделник, 16 март 2026

Ѓоковиќ се откажа од турнирот во Мајами, фановите ќе почекаат за неговиот следен настап

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на престојниот турнир во Мајами, причината е повреда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американските медиуми пренесуваат дека Ѓоковиќ одлучил да го прескокне Мастерс турнирот во Мајами по настапот во Индијан Велс кадешто загуби во осминафиналето од Џек Дрејпер.

Причината за откажување на настапот во Мајами е од здравствени причини. Името во текот на турнирот во Мајами, Ѓоковиќ имаше проблеми со раката, особено на сервис, а во мечот со Дрејпер се жалеше и на болки во стомакот.

Но, како официјална причина за откажувањето е повреда на десното рамо. Откажувањето е пред почетокот на ждребот, а тоа е шанса за друг тенисер да влезе на турнирот.

Засега не е познато кога ќе биде следниот настап на Ѓоковиќ, се претпоставува дека тоа ќе биде на турнирите на земјена подлога во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ