среда, 28 мај 2025

Ѓоковиќ сака да игра и на Олимписките игри во Лос Анџелес

Новак Ѓоковиќ има серија од три последователни порази и многумина сметаат дека српскиот тенисер треба наскоро да објави крај на кариерата, но тој веројатно има поинакви планови.

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот директор на брендот „Лакост“, Тјери Гиберт открива дека Ѓоковиќ ќе потпише нов договор со нив, далеку е од пензија.

„Ѓоковиќ сака да игра најмалку до Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. Не се сомневам дека во следните недели ќе потпишеме нов договор“, изјави директорот Гиберт.

Следен предизвик на Новак Ѓоковиќ ќе биде престојниот грен-слем турнир, Ролан Гарос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ