сабота, 7 март 2026

Ѓоковиќ раскина со еден од главните спонзори

Новак Ѓоковиќ и брендот за патики, Асикс нема да ја продолжат соработката, најавуваат неколку важни медиуми, неговиот договор истекува овој месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Партнерството меѓу Ѓоковиќ и познатиот производител на спортска опрема трае од 2018 година. За време на таа долгогодишна соработка, Асикс лансираше неколку линии патики специјално дизајнирани за најдобриот тенисер на сите времиња, прилагодени на неговиот уникатен стил на играње.

Сепак, се чини дека двете страни не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката. Според извештаите што доаѓаат од Грција, договорот наводно истекол во март, што значи дека Ѓоковиќ во моментов нема официјален спонзор за обувките што ги носи на тениските терени.

Првите знаци за потенцијална разделба станаа видливи кон крајот на минатата година, кога изостана вообичаената маркетиншка кампања на компанијата во која учествува Ѓоковиќ. Неодамна, брендот го претстави британскиот тенисер Џек Дрејпер како свое ново лице. Дрејпер се смета за голем талент и играч за кого се очекува во иднина да се натпреварува со водечки тенисери како што се Алкараз и Синер.

Останува да се види каков ќе биде следниот потег на српскиот тенисер. Ѓоковиќ постојано нагласуваше колку квалитетните обувки се важни за неговата игра, особено поради специфичното движење и големиот товар што го издржуваат неговите зглобови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ