вторник, 16 декември 2025

Ѓоковиќ „пумпаше“ и ќе „пумпа“ по секоја победа на Вимблдон како поддршка за српските студенти! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ синоќа го стартуваше настапот на новото издание на Вимблдон, српскиот тенисер релативно лесно со 3-1 го победи Александер Милер, а прославата по мечот предизвика внимание во српската јавност.

Објавено на

часот

Сподели

Познато е дека Новак Ѓоковиќ им дава поддршка на студените кои протестираат против режимот на Александар Вучиќ. А една од симболичните изреки на овие протести е „пумпај“.

По вчерашната победа Новак Ѓоковиќ направи гестикулација на пумпање. Тоа го поддржа и неговата ќерка Тара и возврати со истата гестикулација, а аплауз следуваше и од сопругата Јелена.

На прес-конференцијата Ѓоковиќ изјави дека тоа е приватна шега меѓу него и децата инспирирана од поп-хитовите „Pump It Up“ и „Баци све са себе“, но сите во Србија знаат дека тој со тоа сака да изрази поддршка на оние кои протестираат против Вучиќ. Спортот и политиката не одат заедно, па да не заработи казна, најде начин како да го објасни гестот.

На социјалните мрежи брзо се рашири потегот на Ѓоковиќ кој рече дека тоа ќе го прави по секоја победа на Вимблдон.

Студентите кои се борат против Вучиќ возвратија со пораки: „Пумпај, Новак!“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ