недела, 14 декември 2025

Ѓоковиќ против Медведев на стартот од турнирот во мешани двојки на УС Опен

Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши паузата и ќе настапи на УС Опен, а покрај турнирот во сингл конкуренција, ќе настапи и во мешани двојки.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ќе игра заедно со Олга Даниловиќ. Ждрепката за турнирот во двојки е веќе изршена, а за противници на стартот ќе ги имаат Данил Медведев и Мира Андреева.

Со оглед на имињата ова ќе биде и најинтересниот меч во првото коло од турнирот во двојки.

Турнирот во двојки почнува од осминафиналето, а ќе се игра по забрзан формат. Во ист ден ќе бидат и четвртфиналните дуели. А веќе наредниот ден ќе се игра и завршницата.

Подобриот од дуелот Ѓоковиќ/Даниловиќ – Медведев/Андреева во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од Пегула/Дрејпер – Радукану/Алкараз. Пегула и Дрејпер се први носители на турнирот.

Осминафиналето и четвртфиналето се играат на 19 август, полуфиналето и финалето се играат на 20 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ