петок, 30 јануари 2026

Ѓоковиќ покажа зошто е најдобар на сите времиња, на 38 години го победи Синер!

По епска битка Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови го победи Јаник Синер и се пласираше во финалето на Австралија опен каде ќе игра против Карлос Алкараз.

Објавено на

часот

Сподели

Ретко кој веруваше дека Новак Ѓоковиќ на оваа возраст ќе победи некој од Јаник Синер и Карлос Алкараз, сметаа дека борбата за грен-слем титулите за него е завршена покрај овие двајца тенисери кои изгледаат перфектно, но Србинот покажа зошто е најдобар на сите времиња.

Првиот сет го доби Синер со 6-3 и се чинеше дека Италијанецот ќе добие уште една битка со Новак, бидејќи претходно го добиваше петпати по ред.

Но, Ѓоковиќ успеа да се крене и да го добие вториот сет со идентични 6-3 и да израмни на 1-1.

Синер го доби третиот сет со 6-4 и повторно дојде до предност, но Новак пак на идентичен начин го доби следниот сет и изедначи на 2-2, мечот отиде во петти решавачки сет.

Со еден брејк го доби и петтиот сет со 6-4 за голема, огромна победа и пласман во финалето.

Ѓоковиќ одигра перфектен меч, максимално фокусиран без пад и покрај тоа што траеше повеќе од четири часа.

Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Алкараз кој претходно во уште подолг меч го победи со 3-2 Зверев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ