Новак Ѓоковиќ не успеа да ја повтори играта од мечот со Јаник Синер и да дојде до 25. грен-слем титула иако имаше моќен старт на денешното финале.
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-2 со два освоени брејка што влеа дополнителен оптимизам кај своите фанови дека може да се стигне до титулата, но во продолжението работите се променија.
Алкараз во вториот сет врати со иста мерка, го доби со 6-2, а во наредните два беше подобар со 6-3 и 7-5 за конечна победа од 3-1 во сетови.
Ова е вкупно седма грен-слем титула за Карлос Алкараз, прва на Австралија опен.






