недела, 14 декември 2025

Ѓоковиќ: Нема да рекламирам обложувалници, препорачувам само нешто во кое верувам и јас

Новак Ѓоковиќ вели дека не рекламира компании кои не се дел од неговите вредности, прифаќа договори договори само за производи кои и тој би ги конзумирал.

Објавено на

часот

Сподели

Србинот вели дека колку и пари да му понудат, нема да прифати да рекламира нешто за кое има негативно мислење.

„Одбив многу компании затоа што не беа во склад со моите вредности. Тешко ми е да препорачувам нешто на милиони луѓе, а јас самиот да не верувам во тоа. Ако не би го испил или изел, тогаш нема да го претставувам. За агентите тоа не е најдобро решение, но јас сум мирен во срцето затоа што знам дека правам нешто исправно. Особени не ни помислувам да рекламирам обложувалници, без разлика од каде се тие и колку пари нудат“, изјави Ѓоковиќ во подкастот на Џеј Шети.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ