Новак Ѓоковиќ лошо тргна против Закари Свајда, но потоа го прегази својот помлад колега и лесно го продолжува настапот на УС Опен.
Домашниот тенисер првиот сет го доби во тај-брејк со 6-7, но не можеше да се надигрува во продолжението од мечот.
Популарниот Ноле значително го подигна нивото на игра, па лесно излегуваше на крај и следните три сега ги доби во своја корист со 6-3, 6-3 и 6-1.
Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ изедначи рекорд на Роџер Федерер, двајцата сега имаат по 191 победа на тврда подлога.
— US Open Tennis (@usopen) August 27, 2025
Србинот исто така по 19-ти пат се пласира во третото коло на УС Опен во својот 19-настап на овој турнир.
19 US Open appearances.
19 times in the third round.Novak Djokovic is inevitable. pic.twitter.com/mzi6vJmt7c
— US Open Tennis (@usopen) August 27, 2025
ФОТО: X/US Open Tennis






