вторник, 1 април 2025

Ѓоковиќ лесно се справи со Мусети за пласман во четвртфиналето во Мајами

На Новак Ѓоковиќ му требаа 82 минути за да го совлада Лоренцо Мусети и да избори место меѓу осумте најдобри во Мајами.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот не започна најдобро за Ѓоковиќ, Мусети направи брејк и поведе со 2-0, но Србинот ги зема наредните шест гејма и го доби сетот со 6-2.

Играта од првиот сет ја префрли и во вториот кој исто така го доби со 6-2 и ја комплетираше победата од 2-0 во сетови.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Себастијан Корда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ