недела, 7 декември 2025

Ѓоковиќ ќе настапи на завршниот Мастерс во Торино

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се враќа на завршниот Мастерс турнир во Торино кој почнува во недела.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ одамна обезбеди учество во Торино, но беше неизвесно дали ќе настапи со оглед на тоа што и минатата година имаше обезбедено учество, но не играше.

Информацијата дека Ѓоковиќ овојпат ќе биде дел од турнирот ја потврди директорот Анџело Бинаги.

Ѓоковиќ е најуспешен тенисер на завршниот Мастерс со седум освоени титули, една повеќе од Роџер Федерер кој последен пат на него триумфираше во 2011 година. Последната титула на Новак, пак, е од 2023 година и тоа е последниот голем АТП трофеј што го освои во кариерата бидејќи оттогаш, триумфираше само уште на турнирот во Женева што беше негов 100. пехар во кариерата.

Завршниот Мастерс се одржува од 9 до 16 ноември, а покрај Ѓоковиќ, сигурни учесници се уште Синер, Алкараз, Зверев, Шелтон, Фриц и Де Минор. За последното место конкурираат Оже Алијасим и Музети кои деновиве ќе одлучат кој ќе патува во Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ