Новак Ѓоковиќ не успеа да се избори за ново финале на Ролан Гарос, популарниот Ноле вечерва не можеше да му парира на Јаник Синер.
Србинот покажа квалитетен тенис, но Италијанецот едноставно беше подобар во клучните моменти и славеше со 3-0 (6-4, 7-5, 7-6) во сетови.
Публиката во Париз сепак ја призна големината на популарниот Ноле и со стоечки овации го поздрави по крајот на мечот.
Legend. #RolandGarros pic.twitter.com/YtlMVCxpzJ
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 6, 2025
ФОТО: X/Roland-Garros