недела, 14 декември 2025

Ѓоковиќ и Даниловиќ елиминирани уште на стартот од УС Опен

Вчера со мечевите во мешани двојки стартуваше новото издание на УС Опен, а Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ беа поразени уште на стартот.

Објавено на

часот

Сподели

Тие во првото коло загубија од Данил Медведев и Мира Андрејева со 0-2 (2-4, 3-5).

Нешто подоцна се одиграа натпреварите и од второто коло и Андрејева и Медведев исто така се елиминирани од американско-британската двојка Пегула-Дрејпер со 0-2 (1-4, 1-4). Пегула и Дрејпер претходно беа подобри од Алкараз и Радукану со 2-0, па во полуфиналето ќе играат против Швјонтек и Руд.

Втората двојка ја сочинуваат Американците, Колинс и Херисон и Италијанците Ерани и Вавасори.

По оваа елиминација Ѓоковиќ ќе може комплетно да се фокусира во сингл конкуренција.

Фото: EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ