четврток, 19 март 2026

Ѓоковиќ го призна тоа што сите го гледаат: Тешко дека ќе можам да ги победам Синер и Алкараз во иднина

Како одминува времето се појасно е дека Новак Ѓоковиќ нема да може да освои уште еден грен-слем турнир, а причина за тоа Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ на оваа возраст може да ги победи сите тенисери, но не и Синер и Алкараз, двајцата најдобри во моментов.

Синоќа Ѓоковиќ беше убедливо поразен од Алкараз со 3-0, по тој меч Србинот призна дека мала е веројатноста во иднина да извојува победа над Шпанецот или Италијанецот.

„На три од четирите полуфинални дуели загубив од Синер и Алкараз, едноставно се пресилни во моментов. Останав без гас по вториот сет, немав повеќе сила да му парирам, а тој продолжи во исто темпо. Така се чувствував и со Јаник, тешко ми е да играм во три добиени сета, особено во подоцнежните фази на грен слем турнирите. Задоволен сум од нивото на игра, но кондицијата… Како што реков по четвртфиналето, дадов се од себе за да го доведам телото во ред и да можам да играм колку што треба, но не успеав. Во оваа фаза од кариерата не можам тоа да го контролирам. Ќе ми биде тешко да ги победам Синер и Алкараз во иднина на грен слем турнирите, можеби во два сета имам повеќе шанси, но нема да се откажам“, призна Ѓоковиќ.

Синер и Алкараз се толку моќни што на последните три грен слем турнири тие двајца го сочинуваат финалето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ