За време на финалето на „Род Лејвер Арената“ во првите редови на трибините беше и легендарниот Рафаел Надал. Ѓоковиќ не го заборави својот голем ривал и во повеќе наврати имаше конверзации со него.
Во третиот сет Ѓоковиќ му се обрати на Надал и му понуди да се симне на теренот наместо него со прашањето: „Сакаш ти да играш?“.
“Wanna play, Rafa?” 😅 pic.twitter.com/lg2tnYE5zc
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 1, 2026
По финалето српскиот тенисер и јавно му се обрати на Надал укажувајќи му благодарност.
„Многу е чудно да те гледам таму горе, а не тука на теренот… Само сакам да ти кажам дека ми беше чест да го делам теренот со тебе, но и сега да ме гледаш од трибините во финале. Првпат е вака, малку е чудно чувството, ама ти благодарам што дојде“, му се обрати Ѓоковиќ на Надал.






