Српскиот тенисер одлично го почна мечот, го зема првиот сервис на Фриц и со еден брејк го доби првиот сет со 6-3.
Во вториот имаше предност од 5-4 и сервираше за сет, но Фриц направи брејк, израмни на 5-5, но Ѓоковиќ направи ри-брејк, си го врати изгубеното и го доби сетот со 7-5 за водство од 2-0.
Третиот сет му припадна на Фриц со 6-3, а во четвртиот Ѓоковиќ беше подобар со 6-4 за победа од 3-1 во сетови.
Во полуфиналето Новак ќе има голем предизвик, ќе игра против Алкараз кој досега не загуби сет на овој турнир.






