По натпреварот Ѓоковиќ откри дека не се чувствувал најдобро и се надева дека тоа нема да му се повтори на наредните мечеви.
„Започнав одлично и се чувствував многу добро. Но во вториот сет бев навистина изненаден колку физички лошо се чувствував. Тоа е мала грижа, немам повреда, но тешко ми беше да издржам во долгите разменувања и да се опоравам по поените. Се надевам дека тоа нема да се повтори, бидејќи ми го прави престојот на теренот многу подолг“, изјави Ѓоковиќ по мечот.






