среда, 17 декември 2025

Ѓоковиќ фуриозно на стартот на Вимблдон, го декласираше Коприва

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на Вимблдон, попладнево со 3-0 во сетови (6-1, 6-2 и 6-2) го декласираше Вит Коприва.

Објавено на

часот

Сподели

27 дена по операцијата на коленото, Новак Ѓоковиќ се покажа во одлично издание против Вит Коприва во првото коло на Вимблдон.

Србинот со четири асови во низа го освои првиот гејм и најави дека противникот нема што да бара денеска.

Популарниот Ноле ја држеше играта под своја контрола и лесно освојуваше поени, па стигна до победа од 3-0 во сетови (6-1, 6-2 и 6-2)

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Џејкоб Фернли и Алехандро Моро Кањас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ