четврток, 19 март 2026

Ѓоковиќ експресно го мина Штруф за четвртфинале на УС Опен

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 (6-3, 6-3, 6-2) во сетови го совлада Германецот Штруф и се пласираше меѓу осумте најдобри на грен-слем турнирот УС Опен.

Објавено на

часот

Сподели

Новак имаше импресивна партија која не траеше ни два часа, тој полесно од очекувањата се справи со германскиот тенисер.

Првите два сета ги доби со идентични 6-3 и 6-3, во третиот беше уште поубедлив добивајќи го со 6-2.

Вистинските предизвици за Ѓоковиќ допрва почнуваат, во четвртфиналето тој ќе игра со четвртиот носител, Тејлор Фриц кој со 3-0 беше подобар од Махач.

Ѓоковиќ е седми носител на УС Опен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ