среда, 28 јануари 2026

Ѓоковиќ е пример за фер-плеј, не сакаше да добие неправеден поен! (ВИДЕО)

На мечот меѓу Ѓоковиќ и Мусети во рамките од четвртфиналето на Австралија опен, Новак покажа каков спортски џентлмен е.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

При водство на Мусети од 5-3 во вториот сет, на сервис на Ѓоковиќ, судијата му додели поен на српскиот тенисер мислејќи дека топчето отиде во аут.

Но, Ѓоковиќ го исправи судијата, рече дека топчето го допрело неговиот рекет пред да отиде во аут, па поенот бил за Мусети, а не за него.

Судијата ја прифати одлуката и му го додели поенот на Италијанецот.

Мечот на крајот го доби Ѓоковиќ, но само затоа што Мусети се повреди и предаде во третиот сет при свое водство од 2-0 во сетови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ