Првиот пат не беше многу сериозно, тоа го направи во аголот од теренот, но вториот, на пауза меѓу два гема, мораше да поврати покрај својата клупа.
Се верува дека причина се временските услови, пред се големата влажност во воздухот. Ѓоковиќ не е единствениот кој се бори со овој проблем, за време на турнирот во Шангај им се слоши и на уште неколку други тенисери.
Утре Ѓоковиќ го очекува мечот од третото коло против Хауме Мунар од Шпанија.
View this post on Instagram






